Во оваа анимација е прикажана графикот на [math]y=\sin(\alpha)[/math]. Името и единицата на [i]хоризонталната[/i]-оска е [math]\alpha[/math] во степени. Нема единица на [i]y[/i]-оската. [i]y[/i]-вредноста на синус функцијата за аголот [math]\alpha[/math] е [i]y[/i]-координатата на точката T. (Забелешка: [i]y[/i]-вредноста на косинус функцијата за аголот [math]\alpha[/math] е [i]х[/i]-координатата на точката T.)
Помести го лизгачот да е α=45°. Дали гледаш дека sin(45°)≈0,707? Дали можеш да го пресметаш ова на твојот дигитрон? Дали ја знаеш егзактната вредност на sin(45°)? Помести го лизгачот да е α=135°. Дали гледаш дека sin(135°)≈0,707. Дали ја знаеш егзактната вредност на sin(135°)? Сега, нека α=–45°. Помести го лизгачот на соодветниот агол помеѓу 0° и 360°. Забележи дека sin(–45°)=sin(315°)≈ –0,707. Дали ја знаеш егзактната вредност на sin(–45°)? Дали ова се согласува со регулативата: sin(–α)=–sin(α)?