Делење отсечка на еднакви делови

Бројот на деловите на кои сакаш да ја поделиш отсечката можеш да го менуваш со помош на лизгачот. Со кликнување на полето„ Play “ може да ја проследиш целосната постапка.

Обиди се да ги решиш зададените задачи во тетратката ,а ако имаш проблем кликни на полето„Погледни како“.

ЛИНЕАРНА ФУНКЦИЈА

Обидете се сами да ги исполните барањата во задачата ,а потоа кликнете на празните квадратчиња за да се проверите. Со помош на лизгачите може да ја менувате правата.

Систем од две линеарни равенки со две непознати-графички

Со влечење на лизгачите можеш да ги менуваш правите.

1. Постави две прави со еднакви коефициенти а различни слободни членови.Колку решенија има? 2. Постави две прави со различни коефициенти и слободни членови. Колку решенија има ? 3. Постави две прави чии коефициенти и слободни членови се пропорционални.Што забележуваш? 4. Постави две прави со различни коефицициенти ,а еднакви слободни членови. Што можеш да кажеш за нив?

ВОЛУМЕН НА КВАДАР

На лизгачите можеш да ги менуваш вредностите за должините на страните на квадарот. Забележи како се пресметува волуменот кликнувајќи на полињата за чекирање.

Дали сега можеш да ја решиш следнава задача? 1. Аквариум со димензии 0,35m ; 1,2m и 25dm треба да се наполни со вода до самиот врв.Колку литри вода ќе собере?

Information