Анимација дека збирот на внатрешните агли на триаголник е рамен агол, т.е. α+β+γ=180°. Слободно помести ги темињата на триаголникот (со што ќе се менуваат и аглите)!
Како ја избравме отсечката на симетрија за точката В? (Помош: Чекирај ја кутијата за средни точки.) Како ја избравме отсечките на симетрија за точката А и точката С? Кои парови на триаголници се складни (еднакви)? На кој начин со оваа анимација се прикажува дека збирот на внатрешните агли на било кој триаголник е 180°?