Упаство: Најпрво забележи дека кружницата е единична кружница, т.е. има радиус 1. Кликни и влечи го лизгачот за аголот α. Забележи ја големината на α во степени и во радијани. (Иако пишувавме радијани како единица не треба!) Аголот α е внесен на x-оската како ДОЛЖИНАТА НА ЛАКОТ на единичната кружница за аголот α. Сега нема единица на x-оската. Прочитај ја оваа реченица се додека не ја разбираш. Кога агол се мери во радијани нема единица! Исто така нема единица на y-оската. Како и кога се користи единицата „степени“ (види погоре), вредноста на y-оската е вредноста на синусната функција за овој агол и е y-координатата на точката T. (Да се потсетиме дека y-вредност на косинусната функција за овој агол е x-координатата на точката T.)
Заокружено на 3 децимални места, колку изнесува α=[math]\frac{\pi}{4}[/math]? Помести го лизгачот за до оваа вредност. Колку е во степени? Која вредност за е внесена на x-оската на функцијата во погрониот график? Заокружено на 1 децимално место, колку изнесува α=[math]\frac{\pi}{2}[/math]? Колку е во степени? Која вредност за е внесена на x-оската на функцијата во погрониот график? Колку е висината на точката T кога α=[math]\frac{\pi}{2}[/math]? Колку е [math]\sin(\frac{\pi}{2})[/math]? Најди ја оваа точка на графикот на функцијата. Колку е децимална апроксимација за оваа вредност? Дали гледате дека размерот на графикот е 1:1? Може да се користи точките (0,0) и (1.5,1) за брзо цртање на првиот полуциклус на sin(x). Дали гледаш зошто?