Врата што се врти.

Врата што се врти вклучува три крила кои се вртат во кружен простор.[br]Внатрешниот дијаметар на овој простор е 2 метри (200 cm). Трите крила на вратата го делат просторот на три еднакви сектори. [br]Аплетот ги покажува крилата на вратата и со вклучување на наимацијата вратата се врти, гледана одозгора. [br][br]Прашање 1:[br]Колкава е големината, изразена во степени, на аголот што го формираат две крила од вратата?[br][br]Прашање 2: [br]Двата отвори на вратата (лаците на аплетот означени со црвена испрекината линија) се со иста големина.[br]Ако овие отвори се премногу широки, подвижните крила не можат да обезбедат непропусен простор и тогаш воздухот може да струи слободно помеѓу влезот и излезот, предизвикувајќи несакана загуба топлината или добивање на топлина. [br](Поместувај ја точката D за да видиш како се променува должината)[br]Колкава е максималната должина на лакот во сантиметри (cm) што може да ја има секој отвор од вратата, така што воздухот никогаш слободно да не струи помеѓу влезот и излезот?[br][br]Прашање 3:[br]Вратата прави 4 целосни ротации за една минута. Во секој од тие сектори има простор за најмногу две лица.[br]Кој е максималниот број на луѓе што може да влезат во зградата низ вратата за 30 минути.
Понудени одговори за Прашање број 3.[br]А. 60[br]Б. 180[br]В. 240[br]Г. 720

Informação: Врата што се врти.